Достапни линкови

Политичка волја не е доволна за надминување на проблемот, смета опозицијата


Откако ги „откачи“ експертите премиерот Бучковски ќе се обиде да се договори со опозициските партии за уставните промени во делот на судството. Реформите во судството се неопходни, но како ќе се стигне до нив со политичка волја останува нејсано велат во ВМРО Народна кој потврдуваат дека доклуку бидат поканети ќе присуствуваат на средбата со премиерот Бучковски:

„Не се најдобро решенение во моментов, затоа што СДСМ и владеачките партии покажуваат многу политичка волја, на пример за регуларно спроведување на изборите, кои не ги спроведоа регуларно. Значи, никој не им пречеше, судството најмалку да ги спроведат изборите регуларно,“

изјави веде претседателот на Вмро Народна Весна Јаневска. Од ДПА велат дека во интерес на сите е да создадеме незавцисно судство но очигледно е дака најмалку тоа им оди во прилог на владеачките партии. Судството е крајно партизирано вели Џхевдет Насуфи кој е песимист дека само со политичка воља ке се постигне договор за уставните промени:

„За жал и политичката вољја на Владата е сомнителна, бидејќи доклку тие беа искрени ќе не консултираа и во фазата на покренеување на иницијативата за уставни промени во делот на судството, и зато сметаме дека ова е само еден политички трик на власат пред јавноста и мегународниот фактор покажувајки пред нив дека не е само во нивен туку во интерес на сите е да се постигнат потребните реформ и во судството. Ако потфрли судството тогаш ке потфрли целиот државен систем , зато ашто тој е коректор на владеењето на правната држава,“

вели Насуфи.

И Весна Јаневска од Вмро народна се согласува дека судството во земјава е крајно партизирани
„Доколку власта, односно политичкиот притисок би престанал врз судиите, тие би можеле да ја вршат својата работа. Ние сме за реформи во судството.“
Без став по ова прашање засега се во ВМРО ДПМНЕ каде сеуште не знаат дали нивниот лидер ке учествува на средбата кај премиерот Бучковски.

Инаку, Владата и експертскиот тим запнаа кај пробниот мандат на судиите и со какво мнозинство да се носат законите. Експертите велат ако остане владиниот предлог за пробен мандат наместо траен и ако законите се носат со владино наместо со квалификувано мнозинство тогаш заложбата за реформи е формална, а судството ќе стане позависно отколку сега.
XS
SM
MD
LG