Достапни линкови

Приштина: Експлозијата во седиштето на ОРА политички напад


Претседателот на опозиционата косовска партија ОРА, Ветон Сурои денеска оцени дека синоќешната експлозија во седиштето на таа партија во Приштина претставува насилство и политички напад. Трите деца што беа повредени од експлозијата, како што соопшти косовската полиција, не се наоѓаат во животна опасност. Се уште не постојат сознанија за мотивот на синоќешниот напад, кој е последен во низата што во изминативе денови се случија на Косово. Во петокот, како што е познато, во близина на Пеќ беше убиен Енвер Харадинај, брат на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај.
XS
SM
MD
LG