Достапни линкови

Гњилане: Погреб на братот на Рамуш Харадинеј


Во селото Гњилане во близина на Дечани денеска ке биде погребан Енвер Харадинај кој е убиен во петокот попладне. Харадинај беше истакнат член на ОВК. На погребот ке присуствува и неговиот брат Рамуш Харадинај кој се наога во Хашкиот трибунал поради обвинување за сторени воени злосторства на Косово во 1999 година кога беше командант на ОВК. Тој вчера од трибуналот доби дозвола да присуствува на погребот. Во одлуката за привремено ослободување од трибуналот прецизирано е дека за време на престојот на Косово не смее да контактира со медиумите, ниту потенцијалните сведоци во постапката која против него се води во Хаг. Претседателот на Косово Ибрахим Ругова денешниот ден го прогласи за ден на жалост.
XS
SM
MD
LG