Достапни линкови

Еквадор: Распуштен Врховниот суд и прогласена вонредна состојба


Претседателот на Еквадор Лусио Гутиерез го распушти Врховниот Суд и прогласи вонредна состојба во земјата. Овој чекор, како што јавуваат агенциите, тој го презел поради растечките улични протести на кои се бара негово заминување од функцијата. Гутиерез изјави дека според Уставот имал право да го распушти Врховниот суд што самиот го оформи во декември минатата година по обидот на Конгресот за негово сменување.
XS
SM
MD
LG