Достапни линкови

Вашингтон: Буш пријавил приход од над 780 илјади долари


Американскиот претседател Џорџ Буш и неговата сопруга Лора пријавиле вкупен приход за минатата година од над седумстотини и осумдесет илјади долари. Затоа тие како федерален данок на доход платиле над двесте илјади долари, соопшти Белата Куќа. Во вкупниот приход е вклучена и годишната плата на Буш од околу четиристотини илјади долари. Во даночните документи се наведува дека Буш лани донирал над седумдесет и седум илјади долари за цркви и добротворни организации. Потпретседателот Дик Чејни пак, пријавил приход од милион и триста илјади долари.
XS
SM
MD
LG