Достапни линкови

Илјадници млади луѓе се кријат од воените комисии и полицијата


Со започнувањето на пролетната регрутациона кампања, Руската армија уште еднаш се соочи со битката да ги пополни своите редови. Годинашната кампања која започна на први овој месец, има за цел да се соберат сто пеесет и пет илјади воено способни момчиња меѓу осумнаесет и дваесет и седум години. Но, тоа не е лесно. Војната во Чеченија и репутацијата дека е брутална, ја направија армијата многу непопуларна. Илјадници млади луѓе низ Русија се кријат од воените комисии и од полицијата со цел да го одбегнат служењето на воениот рок.

Александар изминативе седум години ги мина во учење како да изгледа релаксиран секогаш кога ќе види полицаец на улица. Како и многумина други момчиња, така и овој московјанин се надева дека ќе успее да ја избегне армијата.

„Некогаш се чувствуваш непријатно кога ќе видиш полицајци кои можеби ќе те легитимираат. Мислам дека Руската армија, во сегашната форма, не е професионална. Тоа нема никаква смисла. Таа му доаѓа нешто како фарса. Затоа јас едноставно одбивам да бидам дел од таа машина.“

Руска армија го загуби угледот веднаш по распадот на Советскиот Сојуз. Тоа останува еден од проблемите на претседателот Владимир Путин кој како еден од своите приоритети го има поставено вражањето на моралот во војската. Организациите за човекови права во Русија ги обвинуваат армиските власти дека регрутираат многу момчиња кои не се здравствено способни за тоа. Александар Петров од Хјуман Рајтс Воч во Москва вели дека познато е тоа што армијата врши рации во популарните места каде што собираат младите, како дискотеките и ги легитимираат момчињата кои ќе ги затекнат таму.

„Пред една или две години, такви упади беа извршувани масовно. Сега исто така слушаме дека такви упади имало во Москва, Санкт Петерсбург или во другите големи градови како Новосибирск. Вакви работо навистина се случуваат многу често. Некогаш тие се проследни и со физички малтретирања.“

За руската армија кружат и страшни приказни за тоа со што се соочуваат младите за време на нивното двегодишно службување. Ова постојано е демантирано од армиските власти велејќи дека станува збор за неосновни наводи. Валентина Мелинкова од Комитетот на мајките на војниците, невладина организација која се бори за заштита на правата на регрутите ги дели симаптиите со луѓето кои одбиваат да го служат воениот рок.

„Не сите млади луѓе сакаат да служат во армијата, посебно не сакаат да одат во Чеченија. Она што сега го имаме во Русија се старите советски воени сили, истите оние што влегоа во Прага, Баку, што се бореа во Авганистан и Карабах.“

Доколку некој не сака да оди во армијата тогаш воениот рок може да го замени со четиригодишна доброволна невоена работа. Многумина од побогатите и повлијатиелни семејства успеваат да ги зачуваат своите деца дома, што значи дека регрутите најчесто се од посиромашните слоеви.
XS
SM
MD
LG