Достапни линкови

ФБИ поднесе кривични пријави против три лица


Еф Би Ај поднесе кривични пријави против три лица, еден американец, еден британец и еден бугарски државјанин, поради финансиски малверзации со програмата на Обединетите Нации за Ирак, нафта за храна. Генералниот секретар на Светската организација Кофи Анан изјави дека Соединетите Држави и Велика Британија сносат дел од одговорноста поради фактот што режимот на Садам Хусеин остварил повеќе милиони долари профит од извозот на нафта во време на санкциите против Ирак.

Кофи Анан изјави дека американците и британците биле задолжени да го спречат извозот на нафта од Ирак, но не го сториле тоа, туку напротив, ги затворале очите при шверцот во Турција и во Јордан.

,,Фактот што голем дел од парите Садам ги стекна со шверц на нафта, надвор од програмата нафта за храна, зборува дека американците и британците немале целосна контрола или пак и затворале очите, бидејки Турција и Јордан се нивни сојузници.”

Анан оцени дека најголемиот дел од профитот што го остварил Садамовиот режим е од шверцот на нафта, а не од финансиските малверзации со програмата на Обединетите Нации. Ваквиот коментар на Анан доаѓа откако вчера ЕФ БИ АЈ во Њујорк ги уапси бугаринот Људмил Дионисев и американецот Дејвид Челмерс, а побара екстрадикција на британецот Џон Ирвинг, кои се осомничени за финансиски малверзации со програмата нафта за храна. Според обвинението, тие го имале ексклузивното право да ја продаваат ирачката нафата, а за возврат дел од профитот го пренесувале на ирачката влада. Американскиот федерален обвинител Дејвид Кели изјави дека парите од нафтата, кои требало да бидат уплаќани на посебна сметка за набавка на храна и лекови за ирачкиот народ, оделе на сметки на компании, блиски до Садам Хусеин. Претставникот на Еф Би Ај, Џон Клочен изјави:

,,Главна слабост на програмата нафта за храна била таа што Садам Хусеин можел слободно да ги наградува неговите сојузници од договорите за продажба на нафтата.”
XS
SM
MD
LG