Достапни линкови

logo-print

Интерпелација за министерката за правда Мери Младеновска


Поради незаконско и непринципиелно постапување при екстрадицијата на обвинетиот од судот во Хаг, Јохан Тарчуловски, ВМРО Народна Партија бара оптовикување на министерката за правда Мери Младеновска Ѓорѓиевска. Пратенците од оваа партија кои ја поднесоа интерпеацијата до Собранието, во која меѓудругото наведвуаат дека Владата односно министерост за правда, ги прекршиле Уставот и домашните прописи при апсењето и екстрадицијата на Тарчуловски, кој на 14 ти минатиот месец беше екстрадиран во судот во Хаг, за случајот Љуботен.

„Поводот беше практично киднапирањето на Тарчуловски од улица во Хаг. Она што за нас е значајно министерката да дојде пред СОбранието и во детали да ги обезбеди постапките. Зошто без учество на суд, зошто без да му се даде можност да се подготви, без да му биде врачено обвинението, Јохан Тарчуловски беше однесен на начин на кој беше однесен во Хаг,“

изјавува пратеникот на ВМРО Народна, Слободан Чашуле.
Министерката за правда, на ваквите обвинувања одговара дека правилата на Трибуналот се применуваат директно, бидејќи тие имаат национален карактер и објаснува дека Хашкиот суд е формиран со резулиција на ОН, а Македонија како членка на Светката организација во недостаток на закон за сорабтока со хашкиот суд, мора да го почитува статустот на Трибуналот. Младеновска вели дека ќе се појави пред Собранието и ќе даде одговор на сите обвинувања.

„Така како што предвидува деловникот, мојот одговор ќе го доставам до Собранието.“

Од Собранието пак изјавуваат дека интерпеацијата од ВМРО НП, е доставена до министерката за правда и до сите пратенички групи во парламентот ж и согласно деловничките правила ке биде закажана собраниска седница по ова прашање.

„15 дена откако министерот за правда ќе ја добие интерпелацијата, има рок 15 дена да достави извештај како одговор на интерпелацијата. Потоа, во рок од десет дена треба претседателот да свика седница за интерпелацијата,“

објаснува генералниот секретар на Собранието, Александар Новаковски.
XS
SM
MD
LG