Достапни линкови

Прага: Договор за формирање на нова влада на трите владеачки партии


Трите партии на владејачката коалиција во Чешка се договорија да формираат нова влада, со што заврши неколкумесечната политичка криза во земјата. Договорот подразбира и оставка на сегашниот премиер, инаку лидер на социјалдемократите Станислав Грос. Имено, владината криза беше предизвикана поради скандалот со неговите лични финансии, кој, според коалициските партнери го загрозил угледот на владата. Нов премиер се очекува да биде чешкиот амбасадор во Европската Унија Јан Кохут, кој впрочем на оваа функција ќе дојде по предлог на Станислав Грос.
XS
SM
MD
LG