Достапни линкови

Њујорк: Постигната согласност за текстот на договорот за спречување на нуклеарниот тероризам


Членките на Обединетите Нации, по седум години, успеаа да постигнат согласност за текстот на договорот за спречување на нуклеарниот тероризам. Со него, едноставно кажано, стануваат криминалци сите оние што поседуваат или се закануваа дека ќе употребат нуклеарен материјал. Причина за проблемите во договорањето беше дали да се употреби терминот материјал или направа. Договорот ќе стапи во сила откако најмалку ќе го ратификуваат дваесет и две земји во светот.
XS
SM
MD
LG