Достапни линкови

Стразбур: Евро парламентот гласа за прием на Бугарија и Романија во ЕУ


Европскиот парламент денеска треба да гласа за тоа дали Бугарија и Романија би требало да влезат во Европската Унија, според планираното, во две илјади и седмата година. Во вчерашната дебата, европарламентарнците го поздравија прогресот на овие две земји, но и предупредија дека ним се уште не им е гарантирано зачленувањето во Унијата. На дваесет и петти овој месец шефовите на дипломатиите на Унијата и нивните колеги од Бугарија и Романија треба да ги потпишат договорите за членство. Овие договори во наредните дваесет месеци треба да бидат ратификувани од парламентите на земјите членки на Унијата.
XS
SM
MD
LG