Достапни линкови

logo-print

Претставници на Контакт групата денеска во Приштина


Претставници на Контакт групата, по престојот во Белград, денеска во Приштина на средби со претставници на институциите на Косово, на меѓународните мисии и на партиите на албанците и на србите во покарината. Главна цел, разгледување на напредокот во достигнувањето на стандардите што ги бара Советот за безбедност на Обединетите Нации како услов за започнување на преговорите за конечниот статус на Косово.

Пред доаѓањето на Контакт групата во Приштина беше соопштено дека претседателот на Косово Ибрахим Ругова ја отфрла идејата за одржување разговори со Србија за идниот статус на Косово. Вакви разговори се можни, но по призанавањето на независноста на Косово, изјави Мухамед Хамити, портпарол на косовскиот претседател за предлогот беше обелоденета откако претставниците на контакт групата во која се Соединетите Држави, Русија, Франција, Италија и Велика Британија во Белград разговараа со српските претсавници. Идејата е лидерите на Србија и на Косово, односно претседателите Борис Тадиќ и Ибрахим Ругова да одржат директни разговори пред целосните преговори за финалниот статус на Косово. /Оваа покраина е под протекторат на Обединетите Нации откако по бомбардирањето на НАТО, српските сили беа принудени да ја напуштат. И додека етничките албанци бараат независност на Косово, србите го одбиваат тоа со образложение дека не се почитува мултиетничкиот карактер на Покраината и со објаснување дека оценката на стандардите мора да биде насочена пред се кон ова прашање./ Белград е на став дека ќе прифати компромисно решение, но не и независност на Косово. Сепак, Европската Унија се надева дека Србија ќе биде поконструктивна во врска со ова прашање.

,,Физибилити студијата е давање позитивен сигнал во критичен момент кога ни е потребен ангажманот на Белград во конструктивните разговори за идниот статус на Косово. Прогресот на Србија и Црна Гора ќе помогне за стабилизирање на регионот и за безбедноста на Европа.”

Изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен на вчерашното објавување во Брисел на позитивниот став на Европската Комисија за започнување на разговори со Србија и Црна Гора за потишување Спогодба за стабилизација и асоцијација. Со тоа оваа земја, како што оценуваат во Унијата, оди по трагите на Хрватска и Македонија, кои веќе имаат Спогодби за стабилизација и асоцијација. Побрзо придружување на регионот во Унијата препорачува и Меѓународната комисија за Балканот која во тие рамки предлага и независност на Косово во четири фази: одвојување на Косово од Србија, независност без полн суверенитет, започнување преговори за членство во Унијата и последната Косово во Европската Унија. Сегашниот статус кво на Балканот е надминат, смета Комисјата која бара и поактивна улога на Соединетите Држави во регионот која ќе биде координирана со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG