Достапни линкови

Атина: Писмо од грчкиот претседател до македонските власти


Претседателот на Грција, Карлос Папуљас, како што јавуваат грчките медиуми, вчера испратил порака до македонските власти во врска со предлог на, според него, посредникот во спорот со уставното име, Метју Нимиц, повикувајки ги да ја искористат оваа многу добра можност што им се нуди, поддржувајки го на тој начин мирот и безбедноста на Балканот. Грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис во петокот изјави дека специјалниот претставник на Обединетите нации го предложил името Република Македонија – Скопје како компромисно именување на земјава. Според Папуљас предлогот е добра основа за почеток на преговори.
XS
SM
MD
LG