Достапни линкови

Купи ефтино – продај поскапо


Во последните два месеца растат акциите на големите компании што котираат на Македонската берза. Од јануари до сега, вредноста на акциите пораснала во просек за 140%.

Според Милчо Ќупев од Македонската Берза постојат две причини за ваквата тенденција.

„Пред се се должи за најавата на остварување профити и дивиденди. А втората причина е зголемениот интерес на инвеститори од странство, од блиското опкружување на Македонија, кои се заинтересирани за добивање на капитални добивки, а можеби и одредено позиционирање пред формирањето на пензиските фондови,“

Изјави Ќупев.

Од берзата информираат дека освен странски компании, интерес за купување на акции има и од страна на домашните инвеститори, кој се должи на нивната желба за остварување на капитални добивки и зголемента транспарентност на наШите акционерски друштва.

„Имаме и домашни инвеститори кои се заинтересирани и редовно тргуваат со акциите од нашите фирми, особено оние десетина АД, кои се во индексот на Македонската берза,“

Според Зоран Колев, директор на дирекцијата за тргување со хартии од вредност на Комерцијална банка, подобрувањето на политичко-безбедносната состојба влијае врз зголемениот интерес за влез на странскиот капитал во земјава.

„Имаме драстичен зголемен обем на тргување и заинтересираност на поширокото население. Имаме навалица од странски инвеститори, нивниот мотив е профит, купи ефтино, продај поскапо,“

објаснува Колев

Засега, никој не може да предвиди до кога ке растат цените на акциите. Според досегашната пракса, вообичаено е по одржувањето на годишните собранија во компаниите и поделбата на дивиденда, да стивне интересот за поинтензивно тргување на берзата.
XS
SM
MD
LG