Достапни линкови

Нашата позиција е јасна – двојна формула


Грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис, денеска во Атина изјави дека специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц, поднел предлог за решавање на прашањето за името на државава. Република Македонија Скопје, е предлогот кој како што изјавува грчкиот шеф на дипломатијата Моливијатис, е поднесен од специјалниот пратеник на ОН, Нимиц. Во врска со деновиве интензивните информации од грчка страна околу предлозите за решение на името, премеирот Бучковски денеска изјави:

„Грчките медиуми објавуваат се. Нашите медиуми не треба да ја прифатат нивната игра. Ние сме спокојни и очекуваме в понеделник во Њујорк да продолжат разговорите. Македонскиот амбасадор во САД Никола Димитров има добиено препораки “,

изјави премеирот Владо Бучковски кој го повтори веќе познатитот став на македонската влада за двојната формула:

„Нашата позиција е јасна ... Двојната формула е на маса и сметаме дека тоа е компромис што е многу поголем од компромисот што сега се обидува да го фингира Грција“

Грчкиот шеф на дипломатијата Моливијатис денеска по средбата со претставници на политичките партии во Атина го соопшти предлгот кој според грчка страна е предложен од Нимиц.

„Сега г-динот Нимиц како специјален пратеник на ОН даде свој предлог за решавање на овој проблем. Во меѓунардона комуникација ќе се користи името Република Македонија - Скопје на овој јазик и без превод. Ова име ќе важи во сите органи на ОН кои ќе им препорачаат и на други држави и меѓународни организации да го користат истото име.“

Молвијатис меѓу дрогото изјави дека Грција не е сосема задоволна со предлогот, но дека сепак тој претставува основа за почеток на нова рунда преговори за постигнување заеднички прифатливо решение. Тој додаде дека предлогот содржел и други елементи кои треба да бидат разјаснети или изменети. Инаку, спорот околу името меѓу Грција и Македонија трае 12 години.
XS
SM
MD
LG