Достапни линкови

Атина: Република Македонија Скопје компромисно име според весникот Та Неа


Атинскиот весник Та Неа денеска, како што јавува агенцијата МИА, објави дека Република Македонија Скопје најверојатно ќе биде компромисното име кое се очекува да го предложи Метју Нимиц, специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите Нации за решавање на спорот со името. Весникот наведува оти во наредните четириесет и осум часа двете страни ќе постигнеле компромис за ова прашање и оти за името Република Македонија Скопје постоел благослов од Соединетите Држави и од Европската Унија.
XS
SM
MD
LG