Достапни линкови

Погреб на останките на Папата Јован Павле Втори


„Денеска ги погребуваме останките на Папата Јован Павле Втори во Земјата како семе на бесмртноста. Нашите срца се полни со тага, но во исто време и со радосна надеж и со длабока благодарност.“

Изјави германскиот кардинал Јозеф Рајцингер, декан на кардиналскиот колегиум.

Седумдесетина претседатели и премиери, четворица кралеви и пет кралици, лидери на други верски заедници и милиони верници дојдоа во Рим за денешниот погреб на починатиот Папа Јован Павле Втори. Според многу светски агенции, станува збор за најголема манифестација на моќност и понизност на модерното време.

Смртта на полскиот понтиф кој го пропатува светот како ниту еден папа пред него во две илјадната историја на христијанството, привлече милиони луѓе да присуствуваат или барем да бидат блиску до погребните церемонии.

Илјадници од четирите милиони аџии кои пристигнаа во Рим, град кој инаку, има три милиони жители, скоро цела недела трпеливо чекаа во редици да му оддат последна почит на Јован Павле Втори пред неговиот одар во базиликата Свети Петар. ,,Чекавме осумнаесет часови и во базиликата бевме само десет минути. Ама вредеше. Ова е најдобриот начин да му ја оддадам својата почит,, вели Мачеј Кубат, студент од Краков, градот каде што Јован Павле Втори служеше пред да стане Папа. Меѓу кралевите, кралиците и моќниците се и тројца претседатели на Соединетите Држави: актуелниот Џорџ Буш и претходните: неговиот татко Буш постариот и Бил Клинтон. Во Рим дојде и Мохамад Катами претседател на Иран, земјата што Џорџ Буш ја обвини дека е дел од оската на злото. Дојдоа и генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, како и лидерите на Британија, Франција и Германија. Италијанските власти соопштија дека организирале безбедност без преседан во историјата на државата. Имено, биле мобилизирани четириесет илјади луѓе, како и десет илјади полицајци. Небото над Рим, затворено за летови. Во меѓувреме, почнува да се спомнуваат и имињата на можниот наследник на Папата Јован Павле Втори. Според некои пророштва од Шеснаесеттиот век, што се цитираат во италијснаките медиуми, тоа би требало да биде надбискупот на Фиренца Енио Антонели. Во пророштвото се наведувало дека наредниот поглавар ќе бил од земјата на славата и на маслинките, токму оние знаци што постоеле на надбискупското жезло на Антонели. Сепак, многумина сметаат дека станува збор за измислени пророштва кои вообичаено се јавуваат пред одржувањето на конклавата за избор на нова папа. Сегашната конклава е закажана за осумнаесетти овој месец. На неа сто и осумнаесет кардинали во Сикстинската капела ќе го изберат двесте шеесет и четвртиот наследник на Свети Петар.
Три лица загинале во самоубиствениот бомбашки напад на пазарот во Каиро, соопштија денеска египетските власти. Во вчерашната експлозија, како што претходно беше објавено, загина една французинка и бомбашот самоубиец, додека петнаесетина други беа повредени, дел од нив странски туристи. Пазарот пред џамијата Ал Азхар е една од најугледните верски училишта на сунитските муслимани.
XS
SM
MD
LG