Достапни линкови

Доставена листата на осомничени за воени злосторства


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан до Меѓународниот Кривичен суд достави листа на лица осомничени за колежи и силувања во суданскиот регион Дарфур. Тоа е првиот чекор кон обвиненијата за воен криминал. Во главниот град на Судан Картум пак се протесираше поради резолуцијата на Обединетите Нации за осомничените да биде надлежен Хашкиот трибунал.

Во листата на генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан се 51 лице предложени за судски процес до првиот обвинител Луис Морено Окампо. Листата е составена од независна комисија која во Дарфур собираше податоци за нарушувањата на човековите права, а на неа се владини функционери, лидери на арапските милитранти познати како Џанаџвед но и црнечки бунтовници. Хашкиот трибунал ги доби листата и извештајот во кој според обвинителот Луис Морено Окампо се наведуваат масовни убиства на цивили, силувања на девојки и жени и палење на цели села.

„Во извештајот на комисијата се наведуваат масовни убиства систематски силувања и палења на цели семсјства. Меѓународната заедница мора да го заштити животот и ова не смее да заврши неказнето.“

изјави обвинителот Окампо. Во Дарфур два милиона луѓе ги напуштија нивните домови, а илјадници беа убиени во две годишните борби. Соединетите Држави и целата меѓународната заедница насилстваат ги нарекоа геноцид и ги обвинија арапските милитанти подржани од суданската влада за многу од овие насилства. Така резолуцијата на Обединетите Нации за приоцеси во Хаг беше едногласна. Суданската влада меѓутоа соопшти дека ке ја отфрли соработката со Трибуналот и ке одбие да ги предаде своите граѓани. Судан, според генералниот секретар на националната конгресна партија Ахмед Омар самиот ќе им суди на криминалците.

„Илјадници луѓе протестираат против Обединетите Нации и Советот за Безбедност и тие велат дека нема така да биде. Суданците се луѓе со чест и тие не очекуваат да им се суди надвор од државата. Ние имаме чесни судови и тие можат да ја завршат работата.“

Протестите, во Картум инаку беа предизвикани со владина кампања против резолуцијата на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG