Достапни линкови

Кашмир: Обновен автобускиот пограничен превоз


Индија и Пакистан го обновија автобускиот пограничен превоз по речиси 60 годишен прекин поради конфликтот во Кашмир. На церемонијата во Шринагар индискиот премиер Манмохан Синг порача дека нападите на исламските милитанти нема да го спречат овој, како што рече, карван на мирот низ милитаризираната зона. Во истовреме под силни безбедносни мерки од пакистанскиот дел на Кашмир од Музафарабад замина еден автобус.
XS
SM
MD
LG