Достапни линкови

logo-print

Се зголемува изолираноста


Бугарските власти се обврзани да применуваат стандардите на Европската Унија и нашата земја не би требало да и замерува доколку се решИ да воспостави визен режим за нашите граѓани сметата експертите по најавите дека од 1 јануари 2007 бугарија ке воведе визи за граѓаните на Македонија

„Секако дека психолошки ќе има ваквата евфентуална одлука негативен оддек во Македонија, затоа што подолго време се чувствуваме затворени во еден санитатен коридор. Со сите ветувања дека се приближуваме кон Европа, во исто време, Европа ни станува подалечна и тоа Бугарија ќе го потврди. Во секој случај мораме да ја разбереме бугарската влада всушност и нема избор,“

Вели професорот Билјана Ванковска. Со сличен став и Љубиша Георгиевски од ВМРО ДПМНЕ и поранешен амбасадор на Македонија во Софија

„Владата нема таква желба, меѓутоа автоматизмите на која ќе мора да биде субјект и Бугарија кога ќе и пристапи на ЕУ, тие ќе си работат. Единствено што може да направиме е да преговараме со Бугарија за таа да се избори за попривилегиран статус на носителите на нашите пасоши таму.“

За Игор Ивановски од СДСМ Македонските институции треба да направат се за да се одложи евентуалното воведувањето визи од страна на Бугарија

„МНР со аргументираност, зошто не треба да се воведуваат визи иако тоа го налагаат одредени стандарди, дека ќе успее, прво во најмала рака, одлуката да биде пролонгирана или максимално да биде либерализирана.“

Инаку Мандатот на оваа влада завршува идната година а еве што при неговото експозе во декмври 2004 изјави премиерот Владо Вучковски:

„Оваа влада ветува, дека до крајот на нејзиниот мандат, нашите граѓани ќе можат слободно да патуваат во европските земји без да се судираат со тешкиот шенгенски визен режим.“
XS
SM
MD
LG