Достапни линкови

Мерки за помош на семејствата Бошковски и Тарчуловски


Целта на владата, да формира посебно тело за односи со Трибуналот е да се обезбеди поефикасна одбрана, на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски, вели портпаролот на владата Сашо Чолаковски:

„Владата донесе заклучок да се стави на располагање на одбраната на обвинетите, што во принцип значи достап до информации, докази, архиви во сите државни институции.“

Според Стојан Андов од ЛП, намерата на владата да обезбеди правна помош не може и да претставува гаранција дека владата од судовите ќе ги обезбеди сите документи што се потребни за одбраната, доколку тоа не е прецизирано со закон:

„Има маса прашања што треба да се утврдат со закон. Должноста на владата на пример и на сите државни органи, не само на владата и на судовите еднакво да ги дадат сите документи тоа не може да го одлучи владата. Владата не може да им налага на судовите, само закон на судовите може да им каже.“

Портпаролот на владата Сашо Чолаковски вели:

„На судовите не, велам на државните институции, на министерствата, и било која друга институција.“

Според Ѓорѓи Марјановиќ, едсперт по кривично право, владата има морална обврска да обезбеди правна помош во одбраната на Бошковски и Тарчуловски. Но, тој потенцира дека со формирањето на координативното тело, владата не треба да се меша кој ќе го застапува Бошковски и Тарчуловски и за која сума туку да ја почитува волјата на обвинетите, односно во таа смисла да им излеле во пресрет.

Во меѓувреме, хрватскиот адвокат Антон Нобила, на средбата со премиерот Владо Бучковски и министерот за правда Мери Младеновска, што беше одржана минатата недела во Загреб, им ја достави понудата за условите под кои тој ќе го брани поранешниот министер Бошковски, по што се очекува одговор од владата. Портпаролот на владата со став:

„Првата задача на Координативното тело е да подготви и на владата да и ги предложи начините за помош на семејството и за начините на покривање на трошоците за одбраната на Хашкиот трибунал на двајцата обвинети, господинот Бошковски и господинот Тарчуловски. “
XS
SM
MD
LG