Достапни линкови

logo-print

Детален план за пренос на надлежностите


Деталите околу процесот на децентрализација, колкав имот, колку објекти, вработени, што се ќе биде трансферирано од централно на локално ниво, како и со колкави финансии ќе располагаат, на новите градоначалници ќе им бидат предочени со планот за децентрализација изработен од Министерството за локална самоуправа, а кој до крајот на неделава треба да биде усвоен од страна на Владата. Планот, кој е изработен за секоја општина посебно, и кој ги содржи овие суштински промени се однесува на периодот од 1 јули кога ќе започне имплементацијата на децентралзиацијата.

„Тоа е обемна работа за којашто се одржани 56 работни состаноци со различни министерства. Целта е деталниот план да ги содржи сите елементи за пренос на надлежностите од централно на локално ниво,“

изјавува министерот за локална самоуправа, Ризман Сулејмани.

Поголемиот дел од новите градоначалници, како што изјавуваат се пред огромни предизвици, околу тоа како ќе се реализираат надлежностите во пракса, па очекуваат дека со планот за децентрализација кој се најавува, ќе им бидат попознати деталите за обврските кои ги очекуваат. Но, според нив планот се однесува на задачите кои ги очекуваат од 1 јули кога ке започне трансферот на наделжности, а во овој транзиционен период како што изјавуваат, не се презицирани деталите околу нивните надлежности.

„Затоа што има една правна празнина. Во најголем дел од законите пишува дека надлежностите се преземаат, веднаш, по констируирањето на новите совети. А, од друга страна, фискалната децентрализација почнува на 1-јули. Значи, имаме еден период од неколку месеци кој не е јасно дефиниран. Треба да преземеме надлежности и вработени, но немаме средства да ги финансираме нивните плати,“

вели Аце Коцевски, градоначалник на Велес и еден од претставниците на Заедницата на локалните единици. Инаку и покрај подготовките за едукација на новите градоначалници, тие очекуваат проблеми во практичната имплементација на децентралиациајта и укажуваат.

„Има големи измени со новата територијална организација. Не е ни малку лесно да направите една од три општини. А, од друга страна, паралелно да го водите процесот за преземање на надлежностите од подрачните единици на министерството. На некои општини ќе им биде исклучително тешко и можна е блокада на одредени општини,“

додава Коцевски.
XS
SM
MD
LG