Достапни линкови

Наследникот по принципите на Папата


Кога умира некој Папа, тогаш завладува традицијата. Најпрвин неговата смрт ја верификува Кардиналскиот колегиум, тело составено од црковни лидери кои всушност го избираат новиот папа. Главниот на Колегиумот застанува пред телото на папата и три пати го извикува неговото крстено име, во овој случај Карол. Не слушајќи одговор, тој ја потврдува смртта. Колегиумот потоа решава неговото тело да биде пренесено во ватиканската базилика Свети Петар каде што верниците му даваат последна почит. Јован Павле ќе биде погребан во криптот под базиликата четири или шест дена по неговата смрт. Целата погребна церемонија трае девет дена. По неа, а во наредните неколку недели Римокатоличката црква е без поглавар. Петнаесет до дваесет дена по смртта на папата кардиналскиот колегиум се собира за да го одбере неговиот наследник. Професор Честер Гилис, шеф на катедрата за теологија на Џорџтаун Универзитетот во Вашингтон вели дека Јован Павле направил се за да обезбеди наследникот да биде со истите негови принципи.

„Тој практично го има одбрано секој што ќе гласа за негов сукцесор. Тоа е малку невообичаено од претходните папи.“

Само кардиналите под осумдесет годишна возраст можат да гласаат. Теоретски тие можат да избираат межу сите возрасни католички верници. Сепак, правило е Папата да биде избран од кардиналите. Тие гласаат двапати секое утро и двапати секое попладне. Употребувајќи анонимни ракописни ливчиња, се додека две третини од нив не се согласат во изборот. Ливчињата од секое неуспешно гласање се палат со хемиска супстанца така што чадот од оџакот во близина на Сикстинската капела е црн. Ливчињата од успешното гласање се палат без хемиски додаток така што белиот чад значи дека е избран новиот папа. Ако тој ја прифти функцијата тогаш кардиналите излегуваат надвор и извикуваат ,,Хабемус папам,, или во превод Имаме папа. Професорот Гилис вели дека и покрај фактот што Јован Павле ги има одбрано повеќето од кардиналите кои решаваат за неговиот наследник, сепак не е лесно да се предвиди каква ќе биде идеологијата на сукцесорот.

„Мислам дека мнозинството од овие кардинали се конзервативни теолошки и во услови на нивните видувања на црквата. Сепак вие никогаш не можете да знаете што ќе се случи кога некој ќе биде избран за Поглавар.“

Вели Гилис додавајќи дека и шпекулирањето за тоа кој ќе биде новиот папа е само губење на време. Историски, ретко кој од фаворите е избран за Папа. Таков беше и случајот со Јован Павле Втори, кој пред гласањето, воопшто не беше меѓу фаворитите.

„Постои можност тие да се вратат на италијански папа откако за прв пат во четиристотини години имаа еден неиталијански понтиф. Од друга страна пак, со брзото ширење на црквата во Третиот свет постојат многу кардинали кои се од таму и кои имаат истакнати места во Ватиканските кругови.“

Вели Гилис. Инаку, според некои извори од Ватикан едно име кое е скоро на сите листи на можните нови папи е Франсис Аринзе, кардинал од Нигерија.
XS
SM
MD
LG