Достапни линкови

Здравствената состојба на Папата се влошува


Најновите информации од Ватикан се дека Папата Јован Павле Втори е блиску до смртта. Неговата здравствена состојба постојано се влошува. На плоштадот Свети Петар во Рим се собрани околу 70 илјади луѓе, кои се молат за поглаварот на римо-католичката црква. Во Ватикан, нешто пред полноќ, пристигнаа и кардиналот Камиљо Руини и деканот на колегиумот на кардиналите Јозеф Рацингер, кои, според црковниот канон, треба официјално да ја соопштат смртта на Папата. Здравствената состојба на 84-годишниот папа Јован Павле Втори нагло се влоши во четвртокот, кога поради уринарна инфекција најнапред добил сепса, а потоа и срцев удар. Синоќа во Рим, како и ширум светот се одржуваа миси за за папата.

Претседателот на Соединетите Држави Џорџ Буш се моли за Папата Јован Павле Втори, соопшти Белата Куќа, додавајки дека папата е инспирација за милиони американци. И Кина, која не им дозволува на своите католички верници да ги признаат властите во Ватикан, изрази загриженост за здравјето на Папата. Ги следиме извештаите и Кина ја изразува својата загриженост и надеж дека Папата ќе се опорави, изјави портпарол на кинеското министерство за надворешни работи. Гаснењето на животот на Папата, во неговата родна Полска се дочекува низ молитви во речиси сите црковни храмови. По синоќешната миса, полскиот претседател Александар Квашњевски изјави – Неизмерно многу направи за нас, не поттикнуваше на промени, ни даде вредности, храброст и сила на меѓународната сцена.
XS
SM
MD
LG