Достапни линкови

Зимбабве: Победа на партијата на претседателот на изборите


Партијата предводена од претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, освоила дво-третинско мнозинство на парламентарните избори, објави денеска изборната комисија. Опозицијата соопшти дека изборите не биле демократски. 81-но годишниот претседател Мугабе е на власт во Зимбабве од 1980 година, кога стекна независност. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс оцени дека изборите во Зимбабве, иако се одвиваа мирно, не беа слободни и фер.
XS
SM
MD
LG