Достапни линкови

logo-print

Анкара: Одложено имплементирањето на новиот казнен закон


Турција го одложи имплементирањето на новиот казнен закон што го бараше Европската Унија. Ревизиите на законот требаше да стапат во сила денеска и да го донесат турското кривично законодавство на ниво на европското со што би се исполнил критериум на ЕУ. Турскиот шеф на дипломатијата Абдула Ѓул изјави дека одложувањето е поради технички прашања и дека нема забавување на реформскиот процес.
XS
SM
MD
LG