Достапни линкови

Вашингтон: Ново сослучување за случајот Тери Шајво


Американскиот федерален апелационен суд се согласи да ја разгледа молбата на родителите на Тери Шајво да се одржи ново сослушување за повторното нејзино поврзување со системот за вештачко хранење. Тери Шајво петнаесет години е во болница поради оштетување на мозокот како последица од срцев удар. Нејзе пред дванаесет дена и беше прекинато вештачкото храње што ја одржува во живот. Родителите на Тери тврдат дека нивната ќерка сака да остане жива, додека нејзиниот сопруг Мајкл е на спротивно мислење.
XS
SM
MD
LG