Достапни линкови

Ерусалим: Министерот за одбрана нареди одложување на пренесувањето на Калкилија на Западниот Брег


Израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз нареди одложување на трансферот на градот Калкилија на Западниот Брег под палестинска безбедносна контрола. Израелското радио јави дека наредбата на Мофаз доаѓа поради тоа што Палестинците не ги исполниле нивното ветување за разоруживање на милитантите во Тулкарем и Јерихо, двата града на Западниот Брег што веќе беа предадени под палестинска контрола. Шефот на палестинскиот преговарачки тим Саеб Ерекат изјави дека Израел ја нема известено палестинската власт за одложувањето и го повика Израел да ги спроведе обврските.
XS
SM
MD
LG