Достапни линкови

Багдад: Странските борци голем процент од бунтовниците во Ирак


Висок претставник на американската војска во Ирак изјави дека странските борци кои влегле во земјата во последните месеци претставуваат голем процент од бутновниците. Генералот Џон Абизаид, командант на централната американска команда, изјави дека и покрај тоа што изгледа дека повеќето од бутновниците се Ирачани, процентот на странски борци во текот на последните неколку месеци изгледа дека пораснал. Тој додаде дека странските борци најмногу се инфлитрираат од Сирија, Саудиска Арабија и Иран.
XS
SM
MD
LG