Достапни линкови

logo-print

Скопје: ДИК го потврди изборот на 21 градоначалник во вториот круг


Според податоците што досега од општинските изборни комисии ги добила Државната изборна комисија, во вториот круг од Локалните избори избрани се градоначалници во 21 од вкупно 57 општини. Првичните официјални резултати што вечерва на прес-конференција ги соопшти протпаролот на ДИК Зоран Таневски говорат дека Коалицијата предводена од СДСМ освоила девет градоначалнички места, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет, ДУИ пет и по едно ВМРО Народна партија и Група избирачи. Од Коалицијата предводена од СДСМ градоначалници се избрани во општините: Карпош - Андреј Петров, Лозово - Јордан Павлов, Неготино - Ѓорги Кимов, Василово - Славе Христов, Чешиново - Орце Митров, Берово - Венко Пашалиски, Другово - Стојо Павловски, Ново Село - Никола Андонов, Дојран - Ристо Гушев.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ градоначалници се избрани во општините: Вевчани - Васил Радиноски, Зрновци - Благој Николов, Јегуновце - Тони Коцески, Илинден - Жика Стојановски, Кратово - Мите Андоновски.

Од ДУИ градоначалници се избрани во општините: Струга - Рамиз Мерко, Теарце - Рами Ќерими, Дебар - Аргетим Фида, Липково - Беќир Сакипи, Арачиново - Музафер Бислими.

Од ВМРО Народна партија градоначалник е избран во општина Петровец - Звонко Цветковски.

Во Чучер Сандево за градоначалник е избран кандидатот предложен од Група избирачи Воислав Киранџиќ.
XS
SM
MD
LG