Достапни линкови

Пекинг: Критика на масовните протести во Тајван


Кинеските медиуми денеска ги критикуваа масовните протести во Тајван насочени против новиот антисецесионистички закон кој дозволува употреба на сила доколку островот се движи кон независност. Според државната агенција Џинхуа сецесионистичките сили создаваат само дополнителна тензија. Вчерашните протести во Тајван ги организираше владеачката Демократската прогресивна партија. Кина и Тајван се поделија во 1949 година за време на граганската војна, но Пекинг сеуште го смета Тајван за дел од својата територија.
XS
SM
MD
LG