Достапни линкови

Либан: Претседателот повика на единство во земјата


Либанскиот претседател Емил Лахуд денеска повика на единство во земјата. Тој ова го стори по експлозијата на автомобил бомба што се случи доцна синока во христијнаска населба во Бејрут, а во која се повредени најмалку 8 лица. Ова е трета експлозија што се случува во христијанска област во Либан во последнава недела. Во претходните две експлозии загинаа три лица, а беа ранети повеке од десет. Американскиот стејт департмент ги осуди овие инциденти и посочи дека сириските сили се извор на нестабилност и мора да се повлечат од Либан.
XS
SM
MD
LG