Достапни линкови

Втор круг во 57 општини, во десетина други прегласување на првиот


Денешното гласање за вториот круг во 57 општини и прегласувањето на првиот изборен круг од локалните избори, во 10-тина општини, како што соопштуваат од Државната изборна комисија, изминува со инциденти и нерегуларности во неколку избирачки места во државава. Посериозни инциденти, се случиле во Прилеп и во Кумановското село Отља. И во двата случаи реагирале од Министерството за внатрешни работи и како што соопштуваат оттаму, за прексршувањето на изборниот процес во Отља, утврден е идентитетот на прекршителит на изборниот процес и привдени се две лица. За суштината на овие инциденти од Државната изборна комисија соопштуват.

„Имало нерегуларности на избирачкото место 1391 и таму прекинот на гласањето траел подолго од три часа, така што гласањето е прекинато. Исто така, на едно избирачко место во општина Липково е скршена една гласачка кутија.“

За овие и серија други нерегуларности кои се случија во текот на денешното гласање, информираат и од Граганската асоцијација МОСТ која учествува со најголем број -2 800-тини набљудувачи, во следењето на локалните избори во државава.

„На избирачкото место 1391 Прилеп, неовластени лица ги наполниле кутиите. На избирачкото место 0456 Врапчиште гласањето започнало со задоцнување од еден час. Во Кочани, на гласачкото место 846 имало краток прекин поради вербална расправија на гласач. Краток прекин имало и на гласачкото место 2009 во Лешок, општина Теарце, но гласањето продолжило.“

Потенцира Славица Биљарска, портпарол на МОСТ. Инаку, Државната изборна комисија упатила опомена до асоцијацијата МОСТ, за како што велат од ДИК прекршување на кодексот за спроведување на фер избори. Од МОСТ со одговор.

„Опомената ја чекаме, не знам за што станува збор.“

За одзивот на гласањето до 10 часот, Државната изборна комисија соопшти.

„Од 2056 избирачки места. Обранотени се податоци од 1540, одзивот е 6,28 насто,“

изјави Таневски.

Поради усвоените жалби и приговори, првиот изборен круг за општински градоначалници денеска се прегласува во вкупно осум општини во земјава, додека во Скопје на четири гласачки места во општините Шуто Оризари, Чаир и Бутел граганите го прегласуваат првиот изборен круг за градоначалници и советници на општината, а на седум гласачки места исто така во Шуто оризари и Чаир, како и Гази Баба, се прегласува првиот изборен круг за градоначалник на Скопје.
XS
SM
MD
LG