Достапни линкови

Меѓународната заедница задоволна


Меѓународната заедница е задоволна од фактот што Балканските влади ја интензивираа соработката со Хашкиот трибунал. Само во последниве неколку месеци на судот во Хаг доброволно му се предадоа или пак беа испратени од властите над 10-тина осомничени за воени злосторства. Меѓутоа, работата на Хашкиот трибунал нема да биде комплетна се додека најбараните, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, не се најдат пред лицето на правдата.

Дик Лурдајк од Холандскиот институт за меѓународни односи и специјалист за Балканот најновиот развој на настаните во врска со предавањето на Хашкиот трибунал го оценува како зачудувачки позитивен.

„Мислам дека тоа е фасцинантно, имајки го предвид фактот што трибуналот имаше големи проблеми околу соработката со повеќето влади.“

Лурдајк има две објаснувања за ваквиот развој. Прво, државите презедоа прагматични чекори, бидејки сфатија дека од тоа им зависи приближувањето до Европската Унија и до НАТО, и второ, Хашкиот трибунал превзеде поконкретни мерки за приведување на осомничените. Меѓутоа, Лурдајк додава дека можеби имаат влијание и мерките како на пример на српската Влада, која има дава финансиска помош на семејствата на лицата кои ќе му се предадат на судот во Хаг. Меѓутоа, така-наречените големи риби и натаму се на слобода, пред се се мисли на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, за кои се верува дека се кријат во Република Српаска или во Србија.

„Треба да бидеме сигурни дека и тие луѓе ќе дојдат во Хаг, бидејки се додека и тоа не се случи, овој процес нема да биде завршен.“

Хрвтска исто така се наоѓа под силен меѓународен притисок да го испорача генерал Анте Готовина, а тој случај беше и главната причина што и беа одложени преговорите за членство во Европската Унија. Хашкиот трибунал на 15-ти март соопшти дека последното обвинение за воени злосторства на просторите на поранешна Југославија е она против екс министерот за внатрешни работи на Македонија Љубе Бошковски и Јохан Трчуловски, кои веќе се наоѓаат во Хаг.
XS
SM
MD
LG