Достапни линкови

logo-print

Бишкек: Денеска мирно, без поголеми инциденти


Во главниот град на Киргизстан, Бишкек, како што јавуваат агенциите, денеска било мирно, без поголеми инциденти во обидот на полицијата да ги спречи обидите за грабежи во јавните установи. Киргискиот парламент денеска треба да избре преодна влада, која, според опозициониот лидер Курманбек Бакиев, ќе ја води земјата до новите избори што би требало да се одржат во рок од три месеци. Владата на претседателот Аскар Акаев беше соборена пред два дена, а по неколку неделните протести поради нерегуларностите на парламентарните избори.
XS
SM
MD
LG