Достапни линкови

Рим: Едно лице загина во експлозија во Неапол


Едно лице загина, а тројца се повредени во италијанскиот град Неапол, откако мотоциклист кој превезувал пиротехнички материјали се судрил со автомобил, по што дошло до експлозија. Во инцидентот во неаполскиот кварт Фуоригрота загина возачот на мотоциклот, прецизираше портпаролот на локалната полиција, кој истакна дека нема податоци дека се работело за однапред испланиран напад.
XS
SM
MD
LG