Достапни линкови

Токио: Боби Фишер отпатува на Исланд


Поранешниот светски шаховски шампион Боби Фишер, чие израчување го бараат Соединетите Држави, денеска од Јапонија отпатува за Исланд, бидејќи таа земја му даде државјанство. Со тоа заврши правниот спор што почна пред десет месеци кога Фишер, на пат за Филипините, беше приведен во Токио. Американските власти веќе десет години го бараат поради кршење на меѓународните санкции против тогашната Сојузна Република Југославија.
XS
SM
MD
LG