Достапни линкови

Бишкек: Протести на неколку илјади луѓе


Неколку илјади луѓе денеска демонстрираат во Бишкек, главниот град на Киргизстан, во знак на протест поради, како што велат тие, фалсификуваните официјални резултати од парламентарните избори во таа земја. Има извештаи дека демонстрантите влегле во зградите на владата и на парламентот и оти притоа дошло до судири со провладините сили. Според агенциите, станува збор за досега најмасовни протести во Бишкек и оти луѓето бараат повторување на изборите и оставка на претседателот Аскар Акаев. Вчерашните слични протести беа растурени од полицијата.
XS
SM
MD
LG