Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Посета на премиерот на Северна Кореа


Премиерот на Северна Кореа Пак Понг Ју денеска пристигнува во Пекинг и ја започнува неговата еднонеделна посета на Кина. Тој в среда ќе се сретне со кинескиот премиер Вен Џиабо и претседателот Ху Џинтао. Посетата на севернокорејскиот премиер доаѓа еден ден по посетата на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која изјави дека Кина има важна улога во убедувањето на Северна Кореа да се врати на преговорите за нејзината нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG