Достапни линкови

Експертите сметаат дека за хашките случаи не треба да се бара пропорција


Хашкото обвинение против поранешниот телохранител на претседателот Борис Трајковски, Јохан Тарчуловски, и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, за кршење на законите на акцијата во Љуботен, во македонската јавност, создаде клима и масовно чувство кај граѓаните дека не е постапено коректно и го зајакна барањето за решавање на останатите четири случаи. Но, експертите посочуваат дека трошењето енергија во јавноста, во стилот дека едни се во затвор, а други на слобода, е бесполезно и непродуктивно и дека дешифрирањето на вистината за конфликтот во 2001 година конечно треба интегрално да влезе во рамките на истражниот систем.

,,Јас лично сум за тоа да не се гледаат пропорции и да се бара симетрија."
,,Има уште многу работа за сите што сакаат дешифрираат војната во 2001 година. Според ова што го читавме како обвинение станува збор за валкана работа, во која учеството на едни, други трети се нерасчистени."


Велат Димитар Мирчев, професор на факултетот за
општествени науки и аналитичарот Ѓунер Исмаил.
Обвиненијата на Тарчуловски и Бошковски, во меѓувреме, ја бранува јавноста, организацискиот одобор за одбрана на човековите права на бранителите, за утре, организира протести за поддршка на Бошковски со кои од македонските власти се бара да се заложат, судскиот процес од Хаг да се префрли во Македонија. Професорот Мирчев оценува:

,,Тие протести ако добијат масовен карактер нема да им послужат ниту на обвинетите во Хаг, ниту на нашата држава."

Од друга страна, по покренувањето обвинение против Бошковски и Тарчуловски, премиерот Владо Бучковски изјави дека очекува и останатите четири случаи од Хаг да бидат проследени во македонското судство, бидејќи и во нив има елементи и основано сомнение за сторени злосторства против човештвото. Тој најави, дека владата ќе ги покрие трошоците на бранителите на Бошковски во Хаг. Најавата, за таков чекор предизвика кај партнерот во власта од албанскиот политички блок ДУИ:

,,Внатре во коалицијата, ако тие имаат тешкотии со некои нијанси ќе треба да ги расчистат внатре, а не да мафтаат со барјаците на едни или на други. Државата ќе треба да го стори она што треба да го стори. Бучковски ќе треба да ја ажурира јавната администрација, во истрагата, во судството, за да има точна слика во тоа што се случувало."
XS
SM
MD
LG