Достапни линкови

logo-print

Денеска конечна одлука за тоа каде в недела ќе има втор круг, а каде прегласување


Врховниот суд, донесе одлуки по некој од поднесените жалби, за нерегуларности во првиот изборен круг од локалните избори. Во текот на денов судот донел одлука по поднесените жалби, за околу 20 општини во земјава.

,,Во првиот круг се избрани градоначалници во 15 општини, а во вториот круг ќе има гласање во 46 општини. Во текот на денот очекуваме да ги добиеме решенијата за другите општини,"

изјавува портпаролот на Државната изборна Комсиија, Зоран Таневски.
Судот, сеуште одлучува по жалбите поднесени за неправилности во првиот изборен круг, во градот Скопје. Од неговата одлука, која ќе биде соопштена подоцна во текот на денов, најмногу треба да се разјасни ситуацијата за градоначалничката битка во главниот град, односно од одлуката на судот, ќе зависи дали ќе има прегласување во некој од општините за кои кандидатот на здружената опозиција Трифун Костовски има поднесено жалби, што ќе биде пресудно за тоа дали во Скопје ќе има втор круг гласање.

,,Инаку, конкретно општините на коишто се однесуваа овие четири жалби, Чаир, Шуто Оризари и Чаир. Доколку и Врховниот суд прифати да има прегласување, тогаш вториот круг ќе се помести за десетти април."

Вели портпаролот на штабот на Костовски, Маја Мухиќ.
Во исчекување на одлуката на Врховниот суд политичките партии, се подготвуваат за утрешната средба кај премиерот Владо Бучковски на која треба да се зборува како да се обезбеди фер и демократски втор изборен круг. ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учестува на утрешната средба кај премиерот.

,,Од причина што тој како премиер е должен да спроведе регуларни, демократски избори, а не да ги свикува партиите."

Ја соопштува причината за одлуката да не се учествува, портпаролот на партијата Александар Бичиклиски.
Опозицијата од албанскиот политички блок пак, коалицијата ПДП ДПА, која деновиве организираше серија протеси барајќи поништување на изборите во сите општини каде гласаа албанците, и која се закани дека доколку не биде прифатено нивното барање, ќе го бојкотира вотриот изборен круг, сепак реши да учестува на средбата кај Бучковски, на која како што велат ќе бидат пренесени сериозни забелешки.

,,Основно е тоа да се овозможи фер и демократски избори за вториот круг,"

вели Кенан Алиу, портпарол на коалицијата ПДП ДПА.

Освен ВМРО ДПМНЕ сите останати партии одлучија да присуствуваа на средбата кај премиерот.
XS
SM
MD
LG