Достапни линкови

Ош: Приврзаниците на опозицијата влегоа во неколку владини згради


Приврзаници на опозицијата на Киргистан влегоа во неколку владини згради во Ош, втор по големина град во таа земја. Агенциите јавуваат дека притоа била заземена и зградата на полициската станица. Демонстрантите бараат повторување на парламентарните избори и оставка на претседателот Аскар Акаев. Соединетите Држави и ОБСЕ ги повикаа двете страни да започнат преговори со цел смирување на ситуацијата.
XS
SM
MD
LG