Достапни линкови

За судбината на приговорите ќе се знае в понеделник


Нејаснотиите околу тоа во кои општини ќе има прегласување на првиот круг од локалните избори, кои приговори се уважени, какви се решенијата, дали ќе има пребројување на гласовите, што општ е впечатокот е неразсјаснет од досегашното работење на општинските комиии во земјава, кои во прв степен одлучуваа по поднесените приговори, дефинитивно ќе се знае в понеделник, кога по сите поднесени жалби за нерегуларности во првиот изборен круг од локалните избори, треба да се изјасни - Врховниот суд на Македонија. Тој е втората инстанца која ќе одлучува по жалбите, а неговиот збор е конечен. Засега, поради поднесените приговори, едно е јасно: бројката на првично објавените 17 градоначалници кои Државната Изборна комисија објави дека се влезени уште во првиот круг е намален.

„Во 13 општини во првиот круг се избрани градоначалници. Беа 17, но за некои беа поднесени приговори и додека не истечат сите рокови, за приговори и жалби не може да се каже конечниот резултат. А, за вториот круг, во 28 општини ќе се одржи втор круг избори за градоначалник.“

Соопшти портпаролот на Државната изборна Комсиија, Зоран Таневски.
Здружената опозиција го оспори кредибилетот на власта, која според нив нема капацитет да организира фер и демократски избори. Како илустрација за тоа како работат општинските комисии во земјава, наметнувајќи според нив „ситуација на фалсификувани избори и фингирани резултати“ тие го посочуваат примерот со комисијата во градот Скопје,

„Очигледно е дека фалсификатот којшто се спроведува во повеќе градови во Македонија е најприсутен во градот Скопје, а тука, главен спроведувач е лицето Павлина Црвенковса, шеф на кабинетот на премиерот Владо Бучковски. Исто така, член на градската комисија од редовите на ЛДП е Горан Михајлов, шеф на кабинетот на Ристо Пенов,“

вели Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ. Во оценката на првиот круг од изборите и „жешките напади„ на нејзина сметка, владеачката колиција се бранеше со обвинување освен до опозицијата, упатени и на сметка на нејзиниот коалиционен партнер ДУИ и Државната Изборна Комисија. По соопштувањето дека во Скопје дефинитивно ќе има втор круг за градоначалничкото место, меѓу нивниот кандидат Пенов и Костовски, владеачката коалиција смета дека има шанси да ја надомести разликата:

„Го имате примерот на претседателските избори, за тоа што се случи меѓу првиот и вториот круг. Ние сакаме да ја употребиме истата формула, затоа што сме сигурни дека разликата може да се надомести.“

потенцираше Андреј Жерновски од изборниот штаб на Пенов.

Меѓународната заедница, изрази загриженост во однос на спроведувањето на првиот круг од изборите поради серијата нерегуларности во некои од општините. Нејзиното внимание сега е насочено на вториот круг од гласањето, што ќе претставува тест дали работите ќе бидат подобрени и дали Македонија ќе покаже политичка зрелост. Стандардите велат се повисоки, бидејќи да не заборавиме Македонија неодамна аплицираше за членство во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG