Достапни линкови

Авганистан: Најмалку 24 загинати во поплави


Авганистански официјални претставници соопштија дека најмалку 24 лица загинале, а илјадници останале без покрив над главата по силните поплави што го зафатија централниот и јужниот дел од земјата. Портпаролот на министерството за внатрешни работи соопшти дека 21 лице загинало во провинцијата Фарах, а три лица во соседната провинција Гор. Тој рече дека околу 600 куќи се оштетени во поплавите.
XS
SM
MD
LG