Достапни линкови

logo-print

Сеул: Маневри на американските и јужно корејските сили


Американските и јужно корејските сили започнаа едно неделни маневри на југот на Корејскиот полуостров со учествио на 17 илјади американски војници како и носачот на авиони Кити Хоук. Северна Кореја претходно соопшти дека смета оти маневрите се акт на подготовка за инвазија на северот. Меѓутоа, Американскиот државен секратар Кондолиза Рајс во Токио изјави дека Соединетите Држави не планираат да ја нападнат Северна Кореја. Рајс која денеска пристигна во Јужна Коерја го повика Пјонгјанг веднаш да им се врати на 6 партитните преговори за да се реши проблемот со северно корејската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG