Достапни линкови

logo-print

ДУИ ги отфрла обвинувањата


ДУИ ги отфрла обвинувањата на премиерот Владо Бучковски дка оваа партија сноси дел од одговорноста за нерегуларностите во првиот изборен круг. Изјавата на премиерот е Избрзана вели потпретседателот на ДУИ Рафиз Халити:

„Фактичката состојба е нешто друго, така што, ако некој ги прекршил правилата за одржување на фер и демократски избори тоа е опозицијата. Мислам дека премиерот Бучковски избрза со таа изјава.“

Според него дополнителна причина за нервозата во редовите на СДСМ е фактот што во неколку општини во западниот дел од земјава реални се шансите нивните кандидатит да бидат поразени токму од тие на ДУИ

„Очигледно е дека и нашиот коалиционен партнер е вознемирен, поради тоа што ние имаме шанси да добиеме некои општини кои тие не ги предвиделе. Како на пример, Долнени, Маврови Анови, Јегуновце, Чашка итн.“

Премиерот Владо Бучковски ги повика ДУИ и Обединетата Партија на Ромите да бидат многу повнимателни во вториопт изборен круг. Тој вети дека ке бидат преземени превентивни мерки и Македонија да докаже дека знае да организира и спроведе до крај фер и демократски избори.

„И од позиција на прв човек на владата ќе направам се во периодот што претстои да помогнеме на ДИК да организира фер и демократски избори.“

Вторуиот круг е шансата за поправен на Македонија пред меѓународниот фактор. Оценките за првиот изборен круг беа разочарувачки. Специјалниот преставник на ЕУ во Македонија Мајкл Салин за Слободна Европа изјави разочаран сум и изненаден од тоа што се случи:

„Сега се зависи од тоа што ќе се случува во вториот круг, а јас навистина се надевам дека сите ќе вложат дополнителни напори за се да биде во ред. А, ако се биде во ред, тогаш тоа позитивно ќе влијае на нештата. Но, влијание ќе има и ако работите тргнат кон лошо. Да не заборавиме, во вториот круг секогаш ситуацијата се компликува. Така што, ако нешто се случи тоа ќе биде лошо за Македониија, колку лошо, не знам, но нема да биде добро за Македонија,“

изјави Салин.
XS
SM
MD
LG