Достапни линкови

Изградбата почнува во септември


Владата не се откажа од намерата за изградба на американската амбасада, кај локалитетот Градиште кај скопското Кале. Министерот за транспорт и врски Џемаил Мехази и американскиот амбасадот Лоренс Батлер, денеска го потпишаа преддоговорот, за изградба на американската амбасада со кој се предвидува во наредните шест месеци да завршат останатите технички детали, по што, според овој преддоговор, во септември годинава треба да стартуваат градежните активности. Се предвидува, американската амбасада, да плати 2,6 милиони евра, за купување на земјиштето.

„Со сите овие предуслови се прецизира и се прави можност за склучување конечен договор за изградба на американската амбасада.“

„Нашата инвестиција за изградба на новата амбасада ќе биде во рамките на 8-10 милиони долари. Ќе има можност и македонските градежници да учествуваат во проектот и ќе има милиони за локалните фирми,“


изјавија Мехази и Батлер.

Одлуката на владата за продажба на земјиштето донесена пред една година ја подели стручната јавност и предизвика бурни реакции кај дел од архитектите и археолозите, кои сметаат дека овој историски локалитет не смее да се продава. Но, со овој потег, координативното тело за заштита на Калето ја изхуби битката.
XS
SM
MD
LG