Достапни линкови

logo-print

Киев: Украина извезла 12 крстосувачки ракети за Иран и шест за Кина


Украинскиот јавен обвинител Свајтослав Пискун за весникот Фајненшнл Тајмс изјави дека Украина во две илјади и првата година извезла дванаесет крстосувачки ракети за Иран и шест ракети за Кина. Тој наведува дека ниту една од нив, иако се предвидени за тоа, не биле со нуклеарни боеви глави. Според весникот, ова е прва официјална потврда дека Украина извезувала ваков вид ракети.
XS
SM
MD
LG