Достапни линкови

logo-print

Париз: Разговори Ширак - Путин


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател Жак Ширак. Предвидено е потоа ним да им се приклучат германскиот канцелар Герхард Шредер и шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро. Извори блиски на Ширак наведуваат дека троцата европски лидери ќе му понудат на Путин проширување на соработка во надеж дека тоа ќе придонесе продолжување на демократските и економските реформи во Русија. На париските разговори се гледа и како на подготовка на самитот Русија Европска Унија предвиден за десетти мај во Москва.
XS
SM
MD
LG