Достапни линкови

Јасен сигнал за аспирантите за членство дека правилата на ЕУ мора да се почитуваат


Со одложувањето на преговорите со Хрватска од страна на Европската Унија, се испраќа јасен политички сигнал до останатите земјите од регионот потенцијални членки на ЕУ, дека нејзините правила мора да се почитуваат. Генерално, овој чекор на Унијата покажуваа дека таа нема дилеми во санкционирањето на постапките на државите доколку не се во согласност со нејзините критериуми, а од друга страна таа има цврста намера да расчисти со проблемите околу воените злосторства на Балканот, смета професор Биљана Ванковска.

„Од една страна е јасно и е јасен сигнал од меѓународната заедница дека е решена, токму во оваа година да расчисти многу од натрупаните проблеми на Балканот, пред се просториите на бивша Југославија, во однос на воените злосторва и во таа смисла тоа е порака до сите земји од регионот дека нема да има преседани.“

За Македонија, која нема конкретни проблеми во соработката со судот во Хаг, и која во моментов преку случајот Бошковски – Тарчуловски, покажува висока кооперативност на овој план, токму преку ваквата одлука на ЕУ, наменета за Хрватска, се укажува дека од неа се очекува исполнување на останатите криетериуми кои важат за нас.

„Се на се, системот на критериуми кои се очекува од нас да го постигнеме, е служен. Неможеме да играме на една карта, да кажеме дека ете сега сме кооперативни со Хаг, па веројатно тоа ќе ни го земат за голем плус, меѓутоа другите критериуми што мораме да ги постигнеме останува да „висат“ во воздух.“

Потенцира Ванковска.
Последиците од ставот на ЕУ кон Хрватска, за останатите земји од Западен Балкан, ќе бидат со сериозни последици, потенцира аналитичарот Мерсел Биљали.

„Така што тоа ќе ги охрабреше другите држави да ги интензивираат тие услови кои се неопходни за преговори и оделни други статусни форми во процесот на евроинтегрирање.“

За професор Ванковска, стабилноста на Западен Балкан, е она што преку ваквата одлука на Унијата, засега го изгуби регионот:

„Ова на некој начин е „декуражирачки“ во однос на сите други земји кои имаат послаби резултати. Што значи дека ако процесот заостане во Хрватска, дека тоа на извесен начин ќе го забави вкупниот процес во регионот. Некако сите се надеваме дека ако Хрватска влезе, ако „тргне“ ете уште една земја после Словенија, дека се отвараат повеќе перспективи“.

Заклучува професор Ванковска.
XS
SM
MD
LG